Професорот Мицкоски vs политичарот Мицкоски

Професорот Христијан Мицкоски до крајот на годината ќе биде избран за редовен професор на Машинскиот факултет во Скопје. По активното влегување во политиката и изборот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ во декември 2017 година, тој остана активен и во науката и во професурата.
Во периодот кога партијата започна со кампањата „Обнова за Македонија“, се објавија два труда на Мицкоски во меѓународни списанија, кои се со релевантен фактор на влијание и се користат од научната фела на машинството, вештачката интелегенција и современото моделирање, објави независен.мк.
Mицкоски има докторирано интелегентно управување на роботите, докажувајќи дека во пракса вештачка интелегенција во смисла каква се подразбира, не постои во машинството, бидејќи луѓето и машините не може да постигнат сингуларитет со цел да го изедначат начинот на размислување. Професорот на Машинскиот факултет докажува дека највеќе што е постигнато е вештачкото резонирање, каде човекот дава команда, и по пренесените наредби во управувањето машината извршува определени задачи.

„Независен весник“ пишуваше дека политичарот Христијан Мицкоски речиси целосно се разликува од професорот на Машинскиот факултет, Христијан Мицкоски. Неговите студенти велат дека тој практикува интерактивна настава,објави независен.мк.

Текстот во целост на: независен.мк.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close