Кошаркарски турнир 3X3

Јавното претпријатие „Билјанини Извори“,  под покровителство на општина Охрид, по втор пат го организира турнирот во баскет „3 х 3“. Пријавувањето за учество на турнирот, кој се организира по повод чествувањето на 7 – ми Ноември -Денот на ослободувањето на Охрид, ќе трае до 10. октомври.

Како и минатата година сите заинтересирани за пријавување на тим треба да состават своја екипа 3+1 (играч ) и да пополнат апликација за учество во дирекцијата на  ЈП „Билјанини Извори“. Натпреварите ќе се играат за време на викендите, а финалето е планирано за 7-ми Ноември.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close