Судот пресуди за „Втора шанса“ за Јана, но фондот ќе се жали на пресудата

33-годишната Јана Арсовска од Охрид веќе петта година се бори со редок вид на рак. Во 2015 година, на Јана ѝ била дијагностицирана „адултна неуробластома“, детски рак кој кај возрасни е многу редок и оттогаш таа ја води најтешката битка во животот.

Но Јане не води битка само болетста, туку и со институциите, поради што во една прилика ќе рече: Не знам кој е поопасен канцер, тој што го имам или тој во институциите.

Имено најновата вест е дека судот пресуди за „Втора шанса“ за Јана, но фондот ќе се жали на пресудата  – Истиот фонд кој досега два пати ја одби за продолжување на лекување со погрешни/лажни  заклучоци на комисиите!

На фејсбук страната „Направи добрина: Донирај НАДЕЖ за ЈАНА“ пишува:

Да се потсетиме на историјата на битката со институционалниот канцер.

-декември 2018 конзилиумот од Германија бара ИТНО продолжување на лекувањето на Јана со имунотерапија

-февруари 2019 првостепена комисија од ФЗО ЈА ОДБИВА тврдејќи дека терапијата не била базирана на докази (!)

-март 2019 второстепена комисија од ФЗО ЈА ОДБИВА тврдејќи дека Јана била дел од медицинска студија (!!)

– – – – – – – – – – – – – –
! *Еве го доказот дека имуното не е „бабина деветина“ туку дека една Велика Британија лечи неуробластом со имуно: https://www.nice.org.uk/guidance/ta538

!! **Доказ дека Јана не е дел од медицинска студија е здравиот разум – ако беше, лекувањето ќе беше бесплатно и немаше 9 месеци да биде без терапија и со секој ден ризикот за нејзиниот живот да е се поголем
– – – – – – – – – – – – – –

-сите докази дека одлуките на комисиите на ФЗО се погрешни им се доставени во текот на летото 2019

-ФЗО врати писмо по доставените докази во кое стои „не може да одлучуваме повторно, додека предметот е на суд“

-септември 2019, Управен суд (по 5 месеци!) одлучува дека предметот за Јана треба да се врати назад во ФЗО на повторно одлучување

-ФЗО НЕ ЗЕМА ДА ОДЛУЧУВА ИМАЈЌИ ПРЕДВИД ДЕКА ПОГРЕШИЛ ПРЕТХОДНИОТ ПАТ, ТУКУ НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ СЕ ЖАЛИ НА ОВАА ОДЛУКА НА СУДОТ! Иако службите таму знаат дека има големи пропусти во носењето одлуки од кои директно зависи животот на Јана. Иако знаат дека постапката на суд ќе одземе 2-3 месеци и на крај пак ќе загубат… иако знаат – вложуваат жалба.

Не знаеме дали било каде во светот има Фонд за здравствено осигурување кој вложува ЖАЛБА кога судот наредува на тешко и ретко болен пациент да му се даде втора шанса, врз база на документи и докази, комисиите да проверат дали добро одлучиле, пишува на ФБ на профилот „Направи добрина: Донирај НАДЕЖ за ЈАНА“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close