(ВИДЕО) Продолжува соработката Четкар – Димоски, овој пат за видеозаписот „Joyride“

Охридскиот музичар Владимир Четкар го претстави неговото најново музичко видео  за песната „Joyride“, за која видео записот повторно го изработи Борче Димоски на неколку локации во Охрид.

– Инструменталната тема „Joyride“ ќе биде дел од третиот по ред студиски албум, кој во март ќе биде издаден од страна на „P-Vine“, една од најпознатите Јапонски и светски музички куќи. Песната е снимена вo студијата „The Bunker Studio“ и „Cowboy Technical Services“ во Њујорк, а мастерингот е работен во Лондон, во „Carvery Mastering“. Она што е интересно и е вистински раритет е што песната „Come With Me“, со која беше најавен новиот албум на Четкар е секојдневно во етерот на многу радио станици во Јапонија како FM Cocolo, Inter FM, ZIP FM, K-Mix, FM – N1, Momo Radio и многу други, информираат од тимот на Четкар.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close