Сугарески: Се гради патот од Струга до Ќафасан, но се зависи од градежната сезона

Министерот за транспорт Горан Сугарески потврди дека патот од Струга до Ќафасан се гради, но кога ќе завршат градежните работи ќе зависи од градежната сезона која е на самиот крај пред зимата.

„Најбитни е сега дека е почнато. За месец – два завршува градежната сезона и не сакам да шпекулирам со точен термин, треба да се види и точно во договорот, па ќе ве информирам. Многу зависи сега и од градежната сезона, знаете дека на крајот на ноември – декември завршуваа сезоната“, рече Горан Сугарески министер за транспорт и врски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close