Акцијата за рушење продолжува денес – ќе се урива хотел дивоградба на сам брег

Хотел дивоградба кој е изграден на самиот брег на охридското езеро, ( непосредно до дивоизградената бетонска база на советникот Нефи Усеини ) добил решение за уривање и ќе почне да се урива денес.

Како што дознаваме , решението на сопственикот на хотелот му било врачено лично од градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.

Останува да идиме дали и тој ќе се повика на законското право да го урне објектот сам.

УГОСТИТЕЛИТЕ КАЈ НОТАРИТЕ

Како што дознаваме, скоро сите угостители кои се сопственици на дивоградби или узурпирале државна земја, деновиве посетиле нотари и имаат подговтвени заверени изјави дека сами ќе си ги урнат објектите.

Дали со ова ќе купуваат време или навистина сватиле дека времето на узурпации и експлоатации на народна земја и вода за лично богатење завршило останва да видиме.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close