ПЕЦАКОВ: Проблемот е во немањето комуникација на сите досегашни челници на Охрид со УНЕСКО

Координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ Кирил Пецаков оцени дека проблемот кој Охрид денес го има со УНЕСКО е производ на тоа што сите челници на градот во сите изминати години немале комуникација со УНЕСКО и просторот го оставиле на квази невладини организации кои комуницирале со оваа организација и како што кажа „ му ја полнеле главата со разно разни работи“.

„Реалниот проблем, ево вака отворено да кажам помеѓу забелешките на УНЕСКО и сето она што ние како град треба да го направиме во сите овие изминати години, сиве овие проблеми, е само од некомуникација, конкретно од челниците на оваа локална самоуправа сите овие години назад, сме оставале бришан простор на некакви квази невладини организации да му ја полнат главата со разни разни работи“ – изјави Пецаков.

Пецаков изјавата, свесно или несвесно ја даде како своевидна увертира за следните настани, еден ден пред градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски да отпатува во Париз каде ќе има средби со претставници на УНЕСКО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close