Охридски нуркачи го чистат Вардар

50 автомобилски гуми фрлени во Вардар кои се наоѓаа под мостот ,,Гоце Делчев“ денеска беа извадени од членовите на нуркачкиот клуб од Охрид, ,,Акватек“.Граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“ во соработка со нуркачите од „Акватек“ од Охрид, спелеолошкото друштво „Врело“ од Скопје, „Тласа“ од Битола и риболовното друштво „Рибар 2011“, ја започнаа  акција за вадење на фрлените автомобилски гуми од коритото на Вардар.

Акцијата  претставува дел од активностите со кои се одбележува Неделата на глобални климатски протести која трае до 27 септември.

Нуркачите имаа полни раце работа.

Фото ФБ/Ирена Ристиќ

Од Вардар извадени над 30 гуми за 20 минути#МакедонијаСеГуши #НеБидиЃубре

Posted by Македонија се гуши on Sunday, September 29, 2019

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close