Охридското Езеро порибeно со јагули

АД ЕСМ изврши акција на порибување на Охридското Езеро со јагула.

Акцијата е дел од општествена одговорност на ЕСМ како компанија која користи дел од водите на езерото за производство на електрична енергија преку хидроелектраните Глобочица и Шпилје, согласно водостопанската дозвола добиена уште во 60-тите години на минатиот век.

Оттогаш па до денес АД ЕСМ како возврат за одржување и збогатување на живиот свет во езерото спроведува акции за порибување .

Порибувањето беше извршено со подмладок на јагула од типот Европска јагула-Angulija Angulija. Во Охридското езеро беа пуштени вкупно 29 421 парче подмладок на јагула со вкупна тежина од 865кг., со што ќе се подобри фондот на живиот свет во езерото, како и самиот еко-систем на езерото.

Јагулата е набавена согласно законските прописи, преку распишан тендер, во вредност од 7 милиони денари, при што се запазени сите процедури за да се обезбеди здрав и безбеден материјал за порибување на езерото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close