Ново ултра луксузно искуство во Дубаи!

Како што името на овој хотел сугерира, овој луксузен хотел се наоѓа на најголемиот вештачки остров Palm Jumeirah во Дубаи. Луксузниот хотел го комбинира животниот стил на компанијата W Hotels, нивниот експресивен дизајн и рестораните од светска класа, нудејќи навистина еклектични искуства на своите клиенти.

Инспириран од еволуцијата на најдинамичните градови во светот, W Dubai во себе го содржи W симболот, претставувајќи го коритото на пустинската река која испарила, во форма на петокатен атриум, украсен со златни детали на врамени кутии, кои не потсетуваат на различни фази на модерните градби во Дубаи, како и многу интересен  елемент на самиот влез, наречен The Soundwave, кој е тежок 6,5 тони и долг 30 метри.

Освен екстравагантните карактеристики на дизајнот, овој хотел импресионира со своите 350 луксузни соби и апартмани, декорирани со модерни арапски графити, инспирирани од текстот на славната песна изведувана од либанскиот пејач, Fairouz.

Кога се работи за кулинарските искуства, W Дубаи нуди неколку ресторани кои ги водат светски признати шефови, како италијанот Masimо Boturа и јапонецот Akirо Bek.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close