(ВИДЕО) Како езерото лани ги урна сите платформи

Во март 2018 привремено во Охрид немаше платформи бидејќи езерото ги урна сите и тоа во рок од неколку часа.

Утрото Охрид се разбуди без дивоградби и узурпирани државни површини од земјата и езерските води, бидејќи по невремето природата не остави ништо на узурпираниот простор. Немаше ни платформи, ни бетонски тераси кои ги прекриле некогашните плажи.

Но вечно незадоволните угостители од Охрид побараа градот да им исплати штета за урнатите објекти дивоградби ( платформи и бетоски тераси на узурпирани плажи ) и нивното барање стигна пред советниците во Советот на општина Охрид кои тој 30 октомври 2018 го испишаа веројатно најцрниот ден во историјата на охридската локална политика и јавно пред камери, советниците на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ гласаа против предлогот да се дадат пари за лекување на болно девојче, и гласаа ЗА елаборатите со кои требаше да се исплати штета за дивоградби урнати во невреме.

ВИДЕО ОД СЕДНИЦАТА НА КОЈА СОВЕТНИЦИТЕ ГЛАСАА ПРОТИВ ДАВАЊЕ ПАРИ ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА ДЕВОЈЧЕ И ЗА ОБЕШТЕТУВАЊЕ НА КАФАНИТЕ ЧИИ ПЛАТФОРМИ СЕГА ГИ УРИВА ГРАДОТ 

Потоа по социјалните мрежи како „мајтап“ се вртеше изјава за платвормите дадена од Томислав Тунтев во Собрание.

Како да објасни дека сега ПЛАТФОРМА НЕМА !!!

Како да објасни дека сега ПЛАТФОРМА НЕМА !!!

Posted by Луда Куќа Luda Kuka on Sunday, March 18, 2018

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close