Паричен надомест за семејствата на настраданите, но и за повредените лица во сообраќајката со „Дурмо турс“

Повредените и семејствата на жртвите во несреќата од 13 февруари кај село Ласкарци треба да ги обезбедат потребните документи и да ги достават во осигурителната компанија Еуросиг за да добијат оштета. Овој повик го упати директорот на компанијата Еуросиг. Тој изрази сочувство до семејствата на настраданите.

За повредените ќе се исплатат од 4.500 евра а за семејствата на настраданите до 9 илјади евра.

„Оштетата ќе се врши според возраста и случаите, така како што предвидува законот. Вкупната сума изнесува 675 милиони евра“, додава Моринај.

Автобусот на компанијата Дурмо Турс имал осигурување и според законот, во случај на несреќа, на патниците им следува оштета.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close