Кина планира да ја изгради првата соларна централа во вселената

Кинеската академија за вселенски технологии (КАСТ) работи на електроцентрала што ќе кружи во Земјината орбита, ќе собира сончева енергија и ќе ја испраќа на Земјата.

Вселенската соларна централа би можела да ја користи сончевата енергија дури и кога е облачно над Кина, бидејќи би била поставена високо над облаците и врз нејзината работа не би влијаеле временските прилики на нашата планета.

Кина планира да го лансира тестниот објект до 2025 година, но пред тоа мора да реши еден голем проблем. Треба да сфати како собраната енергија од Сонцето да ја испрати на Земјата.

Научните кои работат на проектот сѐ уште не ја решиле таа тешкотија, но имаат едно идејно решение. Планот е собраната соларна енергија да се испрати на површината на нашата планета преку ласер или микробранови.

Ако сѐ помине во ред со тестното лансирање и ако наведениот пренос на енергијата на Земјата функционира, кинеските научници планираат до 2050 година да испратат уште поголеми соларни централи во вселената.

Покрај тоа што би произведувала енергија која не ја загадува околината, таквиот тип соларна централа би можел да ги напојува и леталата кои ја истражуваат вселената и да им овозможи н научниците да ги испраќаат на подолги патувања низ вселената.

За таков потфат, со соларна централа во вселената, би им требала технологија за прецизно насочување на зракот енергија кон леталата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close