Блокирана улицата Марко Нестороски, дивоградбата се „брани“ со камион

Може ли камион да ја запре државата -? ! Ситуацијата полека доаѓа до точка во која или државата ќе капитулира, или ќе оди до крај и ќе победи.

Акцијата за уривање дивоградби во Охрид продолжи утрово со уривањето на дивоградбата на улицата Марко Нестороски.

Во текот на викендот во дворот на куќата ( кој е единствен пристап за екупите кои уриваат ) со цел да се попречи акцијата беше паркиран камион, па утрово Полицијата одреден период за сообраќај ја затвори улицата Марко Нестороски.

Во меѓувреме граѓаните даваат поддршка на власта која ја почна акцијата, но нагласуваат дека мора да се продолжи со останатите објекти кои се на списокот за уривање.

НАЈАВЕНИ ПРОТЕСТИ

Според неофицијални извори, дел од засегнатите од уривањето на дивоградбите планираат во среда да протестираат пред зградата на општина Охрид.

Околу зградата на Општина Охрид и уличките околу објектот денес беше видливо зголемено полициско присуство.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close