(ВИДЕО) Дваесетина луѓе се обиделе да го спречат уривањето на дивоградбата

Предмалку во Охрид се случи инцидент во кој учествувала група граѓани која неофицијално јап редводел советникот Нефи Усеини и Полицијата која асистира при уривањето на дивоградбата на улицата Марко Нестороски во Охрид.

Групата се собрала и се обидела да го прекине уривањето на објектот, но полицијата ги сопрела во обидот.

Како што може да се види на лице место, улицата остана затворена за сообраќај околу половина час, а околу објектот се присутни полицајци опремени со панцири и оружје.

Граѓаните на Охрид од сите националности и вери даваат силна поддршка на акцијата која ќе продолжи натаму, и која ја доживуваат како воскреснување на државата наспроти узурпаторите и лицата кои важат за недопирливи пред законите.

Акцијата ќе продолжи на рестораните и плажите вдолж езерскиот брег и во урбаната зона на Охрид

Дел од видео снимките направени на лице место ги објавуваме заматени, заради заштита на идентитетот на полицајците кои асистираат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close