Сите плажи во Охрид се дивогради, работат на диво и не плаќаат концесија

Сите плажи на охридското крајбрежје работат на диво, без договори за концесија склучени со Општина Охрид, дознава „А1он“. Ниту едно физичко или правно лице во текот на 2019 година не плаќало за користење на плажите. Од почетокот на годинава, сосе летниот период кога Охрид е преплавен со туристи, па досега, сите што ги користеле плажите имале профит од езерото, но не и обврска да плаќаат за концесија бидејќи договорите им биле истечени.

Според информации на „А1он“, последниот договор за концесија истекол во 2018 година. Оттогаш па наваму Општина Охрид нема објавено повик за стопанисување со плажите. Градоначалникот Константин Георгиевски најави дека повик за концесии ќе има во јуни, но по реакцијата на УНЕСКО и по барањето мораториум во Охрид, од Општината изјавија дека не може да распишат повик за стопанисување.

ПОВЕЌЕ НА А1ОН 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close