Мицкоски: Зошто Нефи сеуште не е во затвор ? !

За да се сруши дивата бетонската база на Нефи Усеини се бараат пари од Министерството за финансии, односно, се бараат народни пари за да се плати за криминалот на некоја битанга, реагира поранешниот функционер на СДСМ, Ивор Мицковски, на веста дека во Охрид почна уривањето на првата дивоградба.

– Значи кај правел личен профит, а со него веројатно и ИВЗ, него и за да му се сруши криминалот, треба пак пари, народни, државни. Па зошто не е овој човек во затвор?! Зошто некој да се мачи во оваа држава да тера легален бизнис, да плаќа плати, даноци, зошто човек да оди на работа и чесно да заработува, кога имаме илјадници и илјадници вакви политички заштитени будали кои додека дигаат нелегални бизниси, ни рушат се останато во државава. Зошто овој човек не одговара за своите криминали?!, прашува Мицковски.

Аналитичарот одговара на своето прашање – Затоа што е под политичка заштита, знаеме.

– Алоооо Бујар, оди да посетиш докај Нефи и Мерко да видиш што се дешава, нублер еден. Оооо Али, замисли да имаше криминал во ДУИ, што ли ќе ви правеа?! Абе срамота бе, кримоси гадни ни водат држава, не застапуваат пред светот, а светот уште ги тапша по рамо, додека ние им ги полниме џебовите, вели Мицковски.

ВИДЕО ОД АКЦИЈАТА ЗА УРИВАЊЕ НА КУЌА ДИВОГРАДБА ГРАДЕНА ОД НЕФИ УСЕИНИ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close