ФОТО: Општина Охрид ја урива првата дивоградба

На улицата „Марко Несторовски“ во Охрид се урива првата дивоградба за која општината претходно издаде решение. Станува збор за куќа која се гради и покрај тоа што нема решение за градба. Пред десетина дена на истата локација беа уапсени неколку градежни работници кои мешаа малтер, бидејќи граделе и покрај забраната.

Куќата е обиколена со полиција, а нема трага од сопственикот. Неофицијално, според извори на „Скопје 1“, изведувач на градбата била фирмата „Нефи ИК“ чиј сопственик е Нефи Усеини.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close