360 степени: Под притисок на УНЕСКО ќе почне уривањето во Охрид

Прашање на денови е кога ќе почне уривањето на дивоградбите – изјави во емисијата 360 степени охридскиот градоначалник Константин Георгиевски.

„Тоа не значи дека се изградиле 16 илјади објекти во Охрид, има голем дел изградени во 70-ите, 60-ите години и не се вклопени во урбанистичките планови и најлесно им било на сопствениците по пат на легализација да дојдат до документи.“

вели градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

За тие 16 илјади градби допрва ќе се одлучува дали ќе се легализираат или ќе се уриваат. Но, повеќе од 1,000 објекти веќе имаат решение за отстранување. Официјално, општината не кажува кои се тие објекти. Неофицијално, тоа се ресторани и плажи со платформи, објекти во Лагадин, Трпејца и во старото градско јадро.

„Сите што се во крајбрежје, национален парк и заштитено подрачје ќе се отстрануваат први. Днеови се во прашање кога ќе почне уривањето“

додава Георгиески.

ВИДЕО:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close