Kај с.Калишта, полицијата пронашле рибарски мрежи од тип кој е строго забранет за користење, со улов на риба – охридска белвица

Во периодот од 20.00 часот на 16.09 до 01.00 часот на 17.09.2019, при вршење на патролна дејност во водите на Охридското Езеро, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор „Охридско Езеро“ во водите на езерото, на околу 300 метри од брегот, кај с.Калишта,
пронашле рибарски мрежи од тип кој е строго забранет за користење, со улов на риба – охридска белвица. Мрежите биле однесени во Полициската станица за Граничен надзор „Охридско Езеро“ за понатамошна постапка.
Се работи на расчистување на случајот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close