Од полноќ поскапи цени на горивата

Цената на бензините се зголемува од половина до еден денар за литар, а дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,48 отсто.

Малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-98“ се зголемува половина денар, на 69,50 денари за литар.Бензинот „евросупер БС-95“, дизелот и екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапуваат еден денар.Новата цена на „евросупер БС-95“ е 67,5 денари за литар, на дизелот 62,5 денара за литар, а на екстра-лесното масло за домаќинство – 52,5 денара за литар.Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,494 денари, на 31,641 денар за килограм.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close