Жолт метео аларм во Британија – затворени патишта и училишта, бокирани аеродроми

Аеродромот во Манчестер е затворен, како и патиштата и училиштата ширум Британија поради снегот и ниските температури. На сила е жолт метео-аларм во поголемиот дел од земјата, а за утре се најавуваат температури од околу -10 степени.

Аеродромот во Манчестер утрово е затворен додека работениците се во обид да ја исчистат пистата, а патниците се жалат поради хаосот откако останале блокирани во авионите. Некои од летовите се пренасочени на други дестинации.

Најниска температура е забележана во Шкотска и Северен Јокшир. На аеродромот во Ливерпул привремено се откажани летови поради временските услови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close