Ништо од изградба на регионална депонија на југозападот

Централните власти се чини немаат план Б како да ја решат правната пат-позиција во која западна проектот за изградба на регионална депонија во југозападниот дел од земјава. Откако граѓаните и локалната власт во општина Дебарца жестоко се спротивставија на идејата на нивна територија да се гради ваква депонија, новиот министер за екологија, Насер Нуредини, бара трпеливост за да се најде решение, објави Алсат М.

„Има тековни дискусии и има општини во секој регион кои треба да бидат убедени каде да има станици за трансфер и главни депонии. Имаме национален план и работиме на дополнителни разработки на планот. Ја разбирам итноста од аспект дека ова треба да се направи што е можно поскоро, но ве молам разберете дека е потребно да се помине таа процедура“-изјави Насер Нуредини, министер за животна средина.

Но, граѓаните од овој дел на Македонија, а особено од општините Охрид и Струга, немаат време за чекање. Локалните депонии Буково и онаа на влезот на Струга каде сега времено се складира отпадот, треба да се затворат следната година согласно барањата на УНЕСКО. А, во ниту еден од регионите во државава не е изградена современа регионална депонија. Дополнителен проблем, велат од Програмата за развој на Обединетите нации, се и комплицираните процедурите за нивна изградба.

Текстот во целос на : АлсатМ 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close