(ВИДЕО) Охридскиот крап кај Лагадин

Нуркачки Центар Акватек  ни презентира прекрасно видео од Охридскиот Крап. Видеото е снимено во Охридско Езеро  кај Лагадин, на 15 метри длабочина.

Видео: Никола Паскали

Крапот е лесно препознатлива риба. Можеби најслична на нејзе е карашот, или амурот, но сепак крапот се препознава по доста специфичности. Телото на крапот е издолжено, заоблено и покриено со доста крлушка. Има силен опаш и долга и оштра грбна перка. На горната уста има два пара мали бркови. Бојата на телото му е жолтеникава, а кон грбот бојата станува потемна, кон сива, иако ова немора да биде правило затоа што бојата на телото на крапот зависи од местото на негово живеење. Крапот најчесто се дели на питом (езерски) и див крап (речен).

Крапот е риба која живее во бавно проточни или непроточни води, така што претежно живее во долните текови на реките и во езерата. Таквите води (топли, со помало количество на кислород и побавно течение) се нарекуваат крапски или ципринидни води. Крапот ужива во тивки и длабоки води во реките и езерата. За време на големите  горештини се повлекува во поладно или пак се крие во сенки, или под некои водени растенија.

Распространет е низ цела Европа и Азија. Кај нас го има во речиси сите поголеми езера и во поголемите реки. Особено се познати дојранскиот крап, преспанскиот крап и охридскиот крап.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close