(ВИДЕО) Оливер Спасоски и Константин договараат детали за големата акција и рушење на дивоградбите

Неофицијално се договараат детали за полициската асистенција на големата акција за уривање на дивоизградените објекти и објектите кои узурпираат државна земја.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со Едмонд Адеми министер без ресор задолжен за УНЕСКО денес дојдоа во посета на општина Охрид каде ги пречека градоначалникот Константин Георгиески.

На средбата според информации на „Скопје 1“ ќе се финализираат плановите за акцијата за уривање на дивоизградените објекти во Охрид, почнувајќи од бетонската база на советникот Нефи Усеини, неговата дивоизградена пицерија, па се до рестораните и кафетериите од Ј’но до Сараиште и плажите во Охрид.

Објектите на советникот Усеини, потоа сите платформи во езерото, но и терасите , а во некои случаи и објектите на езерскиот брег се дивоградби и треба да се отстранат бидејќи правно гледано се узурпатори на државен ( народен ) имот.

УРИВАЊЕ И ЗАПЛЕНУВАЊЕ НА ОБЈЕКТИТЕ КОИ СЕ УЗУРПАТОРИ НА ДРЖАВНА ЗЕМЈА

Според информациите до кои дојде „Скопеј 1“ како опција се разгледува и можноста државата да ги заплени објектите кои се бесправно поставени на нејзин имот и да оневозможи нивно работење како крајна опција.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close