(ВИДЕО) Се гради објектот дивоградба каде се апсеа работници

Градежна оператива непречено работи на објектот каде беа апсени работници во Охрид.

Денес таму стојат камиони кои носат бетон , а заради конфигурацијата на теренот и висината на градежната механизација која се користи глетката беше видлива од повеќе делови на Охрид.

Без никакво одобрени, целосно на диво и без никој да се грижи за безбедноста на сообраќајот, непречено и без проблеми се бетонира плочата на вториот кат се е изграден од како полицијата ги уапси работниците кои работеле на објектот.

ЦЕЛОСЕН РАСПАД НА ИНСТИТУЦИИТЕ

Охрид последните две години доживува целосен распад на институциите во градот кои не функцинираат и целосно ја изгубија довербата и авторитетот кај граѓаните со чии пари институциите функционираат, а функционерите и одговорните кои се поставени на функции со парите од граѓаните примаат плата.

Чаршијата пак шпекулира дека одговорните се длабоко подмитени па затоа на пример апсат работници , а не знаат кој ги ангажирал и не знаат кој ги гради објектите, појави кои предизвикуваат разочараност и гнев кај граѓаните.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close