(ФОТО) Се отстрануваат стари патоказни табли, билборди и автобуски постојки

Екипи на ЈП „Нискоградба“ по налог на Секторот  за комунален развој сообраќај и улици при општина Охрид започна акција за отстранување на нефункционални патоказни табли,  огради и други видови препреки на тротоарите на целата територија од градов.

Со акцијата  е предвидено да се отстранат и  стари билборди, оние на кои им е изминат договорот склучен со општината или билборди поставени без дозвола. Наредениве денови ќе  се врши и замена на старите со нови автобуски постојки.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close