Вевчанските извори, прогласени за споменик на природата

Вевчанските извори се прогласени за споменик на природата. Благодарение на поддршката на 🇪🇺 за оваа прекрасна област, Општина Вевчани e конкретен пример, како една мала заедница може да живее во хармонија со природата и да претставува пример за иднината, стои напишано во објавата на ФБ профилот на делегацијата на Еврпската унија.

 

Инаку, Вевчански Извори — едни од поретките псевдопериодски сифонски врела во Македонија. Сместени се на источните падини на планината Јабланица, кај селото Вевчани, на надморска височина од 900 метри. Главниот извор е сместен во отворот на пештера. На десетина метри подолу, се наоѓаат неколку постојани извори кои подземно комуницираат со главниот извор. Капацитетот на Вевчанските Извори во влажниот период од годината изнесува околу 1.500 литри во секунда.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close