Охрид домаќин на летна школа – „Балкански летен универзитет“, во организација на ФТУ и институтот ЦИФЕ

Охрид домаќин на летна школа – Балкански летен универзитет. Имено деновиве ФТУ Oхрид, во соработка со престижниот француски високообразовен институт ЦИФЕ (CIFE) – ја организира втората летна школа – Балкански летен универзитет на тема: „Развој на Балканскиот регион – економија, соработка, животна средина“ (Development of the Balkan region – economy, cooperation, environment). Летниот универзитет е уникатен и единствен во нашата земја затоа што студентите кои го посетуваат истиот не само што ќе бидат сертифицирани од ЦИФЕ и УКЛО туку ќе може да добијат и 4,5 ЕКТС кредити кои се меѓународно признати во сите европски универзитети.

ЦИФЕ е високообразовен и истраживачки институт формираран во 1954 година со седиште во Ница, Франција и има свои филијали во Берлин, Брисел и Истанбул, а е дел и од Жан Моне програмата на ЕУ. Претседател на овој институт е Херман ван Ромпуј – Претседател на Европскиот совет, а почесен претседател е Жан Клод Јункер – Претседател на Европската комисија.

Покрај многуте академски програми од сите циклуси на студии што ги нуди овој институт, ЦИФЕ организира и нуди програма на Летни универзитети. Дел од Летните универзитети е и градот Охрид кој преку ФТУ Охрид, Универзитет „Св. Климент Охридски“ Битола, а во соработка со овој престижен иститут го организира организира Балканскиот летен универзитет.

Летната школа започна на 09 ти а ќе трае до 15 септември. Се одржува во просториите на ФТУ во Охрид. Предавачи на оваа школа се реномирани професори од Македонија, Австрија, Хрватска и Србија. Учесници на Балканскиот летен универзитет се студенти од повеќе земји: Македонија, Германија, Романија, Британија, Турција, Италија, Конго и др. кои студираат на познати светски универзитети од Болоња, Хамбург, Минхен, Грац, Истанбул, Хаг, Клуж, Кинсаша, Бејрут и други места.

На овој настан посебна привилегија имаат студентите од ФТУ и останатите студенти од УКЛО за кои Факултет одлучи да не плаќаат котизација за слушање на предавањата и полагањата (за тие што ќе сакаат да добијат 4.5 ЕКТС кредити) на летната школа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close