ФК Фламуртари бележи успеси со тренерот Делиоски

Откако застана на кормилото на ФК Фламуртари, тренерот Цвете Делиоски, овој фудбалски клуб бележи се повеќе бројни успеси. Неодамна тие забележаа уште една победа во низата, каде на домашен терен победија против екипата на Могила со резултат од 4:1. Исто така забележаа и победа на гостински терен во Враништа со резултат 4:1.

Сето ова се должо пред се на макотрпната работа на тренерот Делиоски кој досега вложува максимални напори низ труд и тренинзи да се изоди патот на овој фудбалски клуб кој игра во третата лига југозапад.

Следен натпревар на ФК Фламуртари е против ФК Сатеска Волино на домашен терен во Радолишта.

Ова е доега најголемо достигнување на тренерот Делиоски кој покрај играњето во многу прволигашки екипи во Македонија и младински репрезентации, периодов влезе како млад и перспективен тренер во тренерските води и започна да бележи успешни резултати. Секако дополнително на ваквите успеси се и взаемната соработка со клубот и управата кои ги даваат финалните позитивни резултати.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close