ЗНМ проучува зошто се намалил бројот на дописници, додека во Охрид дописницте станаа бизнисмени

Здружението на новинарите на Македонија промовирало публикација посветена на бројот на дописниците во Македонија кој постојано се намалувал и веста е објавењна само во одреден круг на медиуми.

ДОПИСНИЦИТЕ ВО ОХРИД СЕ БИЗНИСМЕНИ

Во публикацијата нема прецизна анализа за приликите во Охрид каде најголемиот дел од дописниците станаа и бизнисмени и се занимаваат со медиумски бизнис продавајќи рекламен простор преку своите фирми на интернет портали, па затоа бројот на дописници е намален минимално, поточно дописник нема само телевизијата Канал 5 , која деновиве е обвинета дека не исплаќала ни К – 15 на своите вработени.

БИЗНИСМЕНИ СТАНАЛЕ И НОВИНАРИТЕ ВО СКОПЈЕ

Бизнисот и новинарите се споиле и во 1 ТВ каде Бојан Јованоски ( Боки 13 ) на новинарите им давал на располагање рекламни секнди во програмата, но овие два скандали поврзани со Канал 5 и 1 ТВ избија од како ЗНМ ја објави публикацијата за дописниците.

Информацијата која ја пренесуваме за публикацијата на ЗНМ е превземена од порталот „Охрид Њуз“ во сопственост на бизнисменот и дописник за Телма, Горан Момироски, кој меѓу другото е и Претседател на ЗНМ во Охрид:

Здружението на новинарите на Македонија денеска промовираше нова публикација во чиј фокус е состојбата со дописниците во земјава.

На промоцијата се обрати претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски кој се осврна на проблемите со кои се соочуваат колегите од внатрешноста. „Загрижува фактот што дописничката мрежа на МРТ, но и на националните телевизии постојано се намалува, а во одредени медиуми и целосно е укината“, истакна Чадиковски.

Според него, има повеќе причини за настанувањето на оваа ситуација. „Финансиите се главен проблем за дописниците, а сите досегашни истражувања за социо-економската положба на дописниците покажуваат дека месечните надоместоци или хонорарите по објавен текст или прилог не можат да ги покријат ниту основните трошоци за живот. Но, тоа не е единствениот проблем кој беше детектиран во ова истражување. Недостигот на техничка опрема, притисоците од редакциите, но и од локалните моќници значително ја отежнуваат работата на новинарите“, рече претседателот Чадиковски.

Целиот текст прочитајте го на Охрид Њуз

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close