Мицкоски: На лидерската средба во вторник, ќе ја наметнам темата за предвремени парламентарни избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во вестите на Алфа истакна дека предвремените парламентарни избори во Македонија се неизбежни.

-Постојат повеќе разлики кои што во моментов се актуелни помеѓу опозицијата и Владата. Една од разликите е во Законот за јавно обвнителство, но откако ретерираа, откако видоа дека тоа што го прифаќаат нема да им помогне во политичката пресметка и кадровската политика во редовите на опозицијата на овие кои што се наследници на некои минати времиња од некои минат режим, познат на овие простори во една претходна држава. Но истовремено на таа лидерска средбам на тие преговори јас ќе ја наметнам темата и сакам да разговараме за предвремени парламентарни избори . Нели блескаме, нели анкетите се добри, нели се е како што треба во државата, ајде да видиме дали навистина е така или можеби ова претставува уште еден блеф од страна на господинот Заев и СДСМ, а во насока на меѓупартиските редови кои што во овие моменти според нашите информации трпат голема штета и се сериозно раслоени, истакна Мицкоски.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close