Силјановска: Надвор сум од концептот за живот на Заев, во кој работа има само за децата на функционерите

Професорката Гордана Силјановска Давкова, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните претседателски избори, деновиве е цел на навреди од власта, со цел да се дискредитира нејзината личност.
Денеска и премиерот Зоран Заев, за Силјановска, меѓудругото, изјави дека „таа е надвор од актуелниот концепт на живот, надеж и живеење на огромно мнозинство од граѓаните“.

Професорката, пак, на својот официјален Фејсбук профил, напиша: „Да, јас сум надвор од моралните норми во кои во сообраќајка загинаа 15 луѓе а никој не презема политичка одговорност за трагедијата“.

На навредите и етикетите кон мене им се придружи и премиерот.

И морам да кажам дека се согласувам со него дека сум надвор од неговиот концепт за животот.

Јас сум надвор од неговиот концепт на живот во кој работа има само за децата на неговите министри и владини функционери.

Надвор сум од неговиот концепт за живот во кој тендери има само за неговите соработници, пријатели, роднини и партиски другари.

Не сакам да бидам дел од концептот во кој живеењето значи од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да исчезнат 19 милиони и никој да не одговара.

Да, јас сум надвор од моралните норми во кои во сообраќајка загинаа 15 луѓе а никој не презема политичка одговорност за трагедијатам напиша Силјановска Давкова на ФБ.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close