(ФОТО) Буково гори и утрово

Депонијата Буково повторно гори.

Таа гори секое лето, со години наназад. Јавноста се сомнева дека намерно се пали оган, за да се исчисти просторот и намали волуменот на депонираниот отпад и тоа се прави со години додека претпријатието избираше фирма на која и доделуваше над 7 милиони денари годишно за расчистување на депонијата.

На последната седница на Управниот Одбор е одлучено овој буџет да се намали на 4 милиони денари и да се пристапи кон купување на булдожери кои ќе се во сопственост на „Охридски Комуналец“.

Ваквата одлука доаѓа од како „Антикорупциска“ наложи „Комуналец“ да ги раскини договорите со фирмата на советникот Нефи Усеини заради судир на интереси.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close