Мрежа Шемо со свој кандидат за градоначалник

Се зголемува интересот за учество на изборите во граѓанските иницијативи кои ги здружуваат сите еднички заедници.

Граѓанската заедница предводена од Ресул Шемо , која е застапена и во Советот на Општина Охрид преку советникот Џенгиз Реџеп, се подготвува да предложи свој кандидат за Градоначалник на претстојните Локални избори.

Како што дознава „Охрид1“ оваа граѓанска иницијатива во која се обединуваат граѓани на Охрид од сите етнички заедници ( Македонци, Албанци, Турци, Египќани и други ) сериозно се подготвува да излезе со свој кандидат кој би бил обединувачки фактор.

Од оваа заедница велат дека проблемите во градот се заеднички и само личност која ќе е обединувачки фактор може да ги реши проблемите ко исе напластуваат со децении, како што се комуналните проблеми, проблемите во спортот, културата , но и расчистување со криминалот.

Поддрѓка на оваа иницијатива која е граѓанска даваат и од Здружението пирамида и советникот во Советот на Општина Охрид Бесим Демиров со што оваа иницијатива веќе има двајца советници во Советот.

ШТО Е ВСУШНОСТ МРЕЖА ШЕМО ? !

Мрежа Шемо всушност претставува структура на гласачко тело која според проценките располага со неколку илјади гласови. Тоа е организирана структура од гласачи и активисти кои работат на терен и доколку се анализира реално, ова гласачко тело може да биде клучно за исход на едни избори.

Според проценките Мрежа Шемо иако не е официјално регистрирана политичка партија има повеќе гласови од повеќето партии во градот.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close