Поскапеа горивата – ова се новите цени

Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата – бензините поскапуваат за 0.5, односно 1.00 денар, додека цената на дизелот останува непроменета.

Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 0.98 проценти.

Бензинот супер 98 поскапува за еден денар, а 95-ката за половина, одлучи на денешниот состанок Регулаторната комисија за енергетика. Новиот ценовник не предвидува промена на цената на дизелот.

Од полноќ литар 98-ца ќе се точи по цена од 64,50 денари, 95-ка – 62,50, а дизелот останува 60 денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close