(ФОТО) Препишувајќи си сами лекови, создадовте бактерија отпорна на антибиотици

Фејсбук статус:

Ова е слика од резултат направен при испитување на урино култура кај одреден пациент. Горе на сликата стои дека е изолирана бактерија Pseudomonas aeruginosa и тоа во голем број. Лево е колоната од 24 различни антибиотици за кои се направени клинички испитувања дека во голем процент ја „убиваат“ оваа бактерија, а десно стојат соодветните одговори на ова индивидуално испитување, на кој антибиотик оваа бактерија е чувствителна, односно кој антибиотик ќе биде препишан за да се искорени бактеријата од уринарниот тракт. На сите 24 антибиотици, оваа бактерија е отпорна.
Затоа, оваа слика е наменета за оние пациенти кои при првите симптоми доаѓаат прво во аптека и бараат антибиотик, кога од таму ќе бидат одбиени одат кај докторите „наредувајќи им“ да им препишат антибиотик (еве одберете кој), до оние кои успеале да се снајдат со антибиотик, ја започнале терапијата и кога симптомите се намалиле ја прекинале (така бактеријата сте ја направиле поотпорна и посилна). Слика наменета за родителите кои се лутат кога докторот нема да им препише антибиотик за настинката на нивното дете, за оние кои мислат дека болката во грлото можат и треба да ја решат со трите магични апчиња од 500 милиграми.

За сите вас, на сликава е прикажана бактерија отпорна на сите антибиотици, создадена од човекот.

Ова е слика од резултат направен при испитување на урино култура кај одреден пациент. Горе на сликата стои дека е…

Posted by Marija Petreska on Wednesday, August 28, 2019

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close