(ФОТО) Нуркачите во Езерото пронајдоја и перална и правосмукалка

После болјерот и кадата,  казанче од купатило, нуркачите од „Акватек“ го комплетираат цел тоалет., но пронајдоја и уште нешто плус. На дното на Охридското езеро пронајдоа иделови од перална, како и правосмукалка.

„Делови од правосмукалка и перална (смукувач и бубањ) лоцирани кај крајбрежјето во близина на Мостот на Желбите, длабочина од 3 метри. Продолжувам со лоцирање и фотографирање на секаков вид отпад. Потоа следува и дислокација на истиот.  Да го заштитиме Охридското Езеро од својот најголем непријател човекот“, напишаа од „Акватек“ на својот официјален ФБ профил.

Инаку нуркаците од Акватек, откако ќе ги детектираат отпадоците истите ги отстрануваат од Езерото.

Останува само да се подигне свеста на граѓаните, кои непотребните работи од домот треба да ги одложуваат на местата за смет, а не во Охридското Езеро.

ПРАВОСМУКАЛКА И ПЕРАЛНАДелови од правосмукалка и перална (смукувач и бубањ) лоцирани кај крајбрежјето во близина на…

Posted by Diving Center Akvatek on Thursday, August 29, 2019

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close