(ФОТО) Во чест на празникот Успение на Пресвета Богородица, Волино – во знакот на фудбалот

Градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески нобјави дека изминативе денови село Волино било во знакот на фудбалот. Еве што напиша Ногачески:

„Деновиве и вечерва во чест на празникот Успение на Пресвета Богородица, Волино беше во знакот на фудбалот, најважната споредна работа на светот.
Во прекрасна атмосфера се одигра финалето на 22-то издание на Богородица Купот. Во крајно неизвесен и возбудлив натпревар, по подобро изведување на пенали победи екипата на АСП ПАК против домаќинот екипата на ФК Сатеска.
Честитки и за победникот и за сите учесници.
Согласно нашите определби за поддршка на спортските манифестации во општината како генерален покровител ја помогнавме и оваа спортска манифестација.
И со право, бидејќи фудбалот е повеќе од игра“, напиша Ногачески на ФБ.

    

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close