Куќата на Пресвета Богородица во Ефес, денешна Турција

Малечка камена куќичка опкружена со дрвореди во подножјето на Булбул планина близу Ефес, Турција е местото каде секогаш има врвулица посетители. Тоа е куќата на Пресвета Богородица, каде се верува дека живеела после смртта на Исус. Иако секогаш има многу луѓе, на ова место секогаш е тивко, а статуата на Богородица со раширени раце ги пречекува сите.

Куќата на Пресвета Богородица во Ефес, Турција

Статуата на Богородица

Статуата на Богородица

Според Библијата, Исус додека беше распнат на крстот го замолил Свети Јован да се грижи за неговата мајка Марија. Во тој момент, Исус рекол дека Свети Јован е нејзин син, а таа негова мајка.

Јован ја повел Богородица со себе во Ефес, веројатно некаде помеѓу 37 и 48 година, каде продолжил да го шири христијанството. Според верувањата, последните години од животот ги помина во скромна камена куќарка во Ефес, денешна Анадолија, Турција.

Пронајдената куќа е на планината Булбул, 9 км одалечена од Ефес. Археолозите открија дека откриените експонати и самата куќа датираат од периодот помеѓу 6 и 7 век од нашата ера, додека темелите на куќата се од првиот век на нашата ера. Куќата е цела изградена од камен, Оргиналната двокатна градба се состоела од предворје, спална и соба за молитва, како и соба со камин.  За туристите е отворен централен дел како и собата десно од олтарот. Внатрешноста на куќата е во форма на буквата Т, а тука е и олтарот со ликот на Богородица.

Кај христијаните оваа куќа добила на значење кога германската монахиња Катерина Емерих (1774-1820) која никогаш не патувала надвор од непосредната околина имала визија на патувањето на Свети Јован и Марија од Ерусалим во Ефес, при што ја опишала куќата во која живеела Марија, до најситни детали. Записот од таа визија е зачуван од писателот Брентан.

Монахињата рекла дека Марија живеела во таа куќа се до својата 64-та година, кога умрела и дека е погребана во близина. После некое време ковчегот бил отворен, но тело и покров немало. Од тогаш куќата е претворена во капела. Но, за местото каде се наоѓа гробот на Богородица денеска сеуште се води спор помеѓу христијанските цркви. Едни тврдат дека е во Ефес, а според други, гробот на Марија денеска се наоѓа во Ерусалим.

Кон крајот на 19 век, двајца свештеници од лазаријанскиот ред, Јанг и Полен, изненадени со прецизноста на деталите кои ги навела калуѓерката Катрине Емерих, во близината на денешниот археолошки локалитет Ефес почнале со археолошки ископувања. Како резултат на ископувањето било пронаоѓањето на остатоци од куќа, која изгледала доста старо (темелите се датирани во 1 век). Таа се поклопува со визијата на калуѓерката дека куќата на Марија која била од камен, била изградена од самиот Јован, имала правоаголна основа со заден кружен ѕид, како и апсида и огниште. Откритието на оваа примитивна куќа само го потврдиле фактот дека Марија престојувала во Ефес.

После 1892 година ова место е признато од католичката црква. Куќата на Богородица во Ефес ја посетуваат во голем број и православни христијани, а не е мал бројот и на муслимани кои го посетуваат ова место.

Покрај останатото, фактот дека Марија живеела во Ефес бил потврден и со некои други елементи. Во ѕидините на самиот Ефес постои една Базилика која е посветена на Марија, која била изградена во периодот кога законот кој одговарал на црквените прописи дозволувал една црква да се посвети на некој светец само ако тој истиот живеел и умрел на тоа место. Потоа тука се и околностите дека Вториот вселенски собор, која ја одредил догмата за божественото бестелесно зачнување на Марија, се случил во Ефес. Како кулминација на сето ова, во блискиот град Селџук археолозите во средината на 20 век го пронашле гробот на апостол Јован, во внатрешноста на една огромна базилика подгната за време на владеењето на византискиот император Јустинијан I.

Во близина на местото може да земете свеќи, како што пишува најмногу до две, за да има доволно за сите верници кои го посетуваат ова место.

На ова место се наоѓаат и четири извори. Спред верувањата, првата е за здравје, втората за љубов, третата за работа, а четвртата за неверници. Малку потаму се наоѓа и ѕидот со пораки. Верниците од цел свет оставаат пораки, најчесто на шамивчиња.

Ѕидот со пораките

Ѕидот со пораките

Целиот крај го чува војска и полиција. На патот кон куќата на Богордица се наоѓа голема статуа на Богородица, која е донација од побожен Американец.

Извор: setaliste.com.mk

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close