Штрајк на почетокот на учебната година

Првиот училишен ден годинава почнува со предупредувачки штрајк на просветните работници.

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК, под притисок на своето членство донесе одлука на 2 септември (првиот учебен ден) да стапи во предупредувачки штрајк. Одлуката доаѓа по долги преговори со Министерството за образование и наука и Владата, а синдикатот не го прифаќа зголемувањето на платите од 5 проценти и бара покачување од 25 отсто.

И покрај обидите од страна на Министерот за образование и наука Арбер Адеми да го убеди членството на СОНК дека во иднина ќе има зголемување на платите, СОНК одлучи да стапи во предупредувачки штрајк. Тие бараат што е можно поскоро да се се подобри лошиот социо – еконмскиот статус на просветните работници во кој тие се наоѓаат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close