(ФОТО) Женска плажа во Струга пред узурпирањето на плажите

Вака изгледала „Женска Плажа“ во Струга пред налетот на масовното узурпирање на плажите од страна на поединци поврзани со локалните и централните власти.

На фотографијата се гледаат и некогашните јасики кои се протегаа од плажата кај денешен „Аквариус“ па се до Еврохотел, а кои се исечени пред десетина години кога започна масовната градба на плажи на езерскиот брег.

Денес Антикорупциска влезе во Охрид и Струга и проверува како е можно целосно нелегално без ни една дозвола да стојат угостителски објекти на узурпирано земјиште и да стопанисуваат со брегот на езерото на диво, притоа остварувајќи енормни профити.

Фото: FB VOX Struga

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close