ФОТО : Пожарот во Велес зафати и фабрика за гуми, затворен автопатот, хаос се случува во моментов

Ресторанот „Глориус“ на велешкото езеро Младост е само еден од објектите кои во моментов се во пламен, пишува Република.

Како што соопштуваат од Центарот за управување со кризи, пожарот избувнал во близина на с.Отовица. Гори борова шума и сува трева и на терен во гаснењето на пожарот се излезени од ТППЕ Велес и вработени од ШС Бабуна.

На помош во гаснењето е упатена и екипа од ТППЕ Штип. Исто така побарана е интервенција на авионите од Дирекцијата за заштита и спасување.

Во моментов дознаваме дека од пожарот е зафатен и магацин за гуми, а тоа е причина за дополнителен хаос. Војската е на терен, и заедно со пожарникарите спречуваат да се случат огромни штети.

Извор:Курир.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close