Македонски археолози тврдат дека Исус е роден во Охрид – Македонија

Група археолози од Македонија, која се нарекува „Исусовци“, тврдат дека го пронашле точното место каде што се родил Исус Христос, но дека тоа не се наоѓа во Витлеем од Западниот брег, каде што досега така се мислеше и тоа место се нарекуваше Јудеја, туку во селото Витлемово во близина на Охрид, објави okno.mk

„Мислам дека ова е вистинкото место каде што е роден Исус, а не во оној Витлеем во близина на Ерусалим“, вели Аврам Јаков, археолог од здружението „Исусовци“.

Во малото село наречено Витлемово, при градење на автопатот кон Тирана, е пронајдено загадочно место. Постојат неколку докази, вели Јаков, дека тоа е местото каде што се родил Исус.

Според археолозите, се очекува ова откритие да ја смени светската перцепција на Македонија и да ја смести нашата земја на картата на верскиот туризам. Засега нема никакви реакции од Ватикан и од другите христијански центри во светот.

Текстот во целост на: okno.mk

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close