(ВИДЕО) Авионите полнат вода од Езеро и неуморно го гаснат пожарот кај Косел и Опеница

Авионите од дирекцијата за заштита и спасување веќе неколку часа од воздух го гаснат пожарот кој изби на непристапен планински предел во близина на селата Косел и Опеница. Авионите вода полнат од Охридското Езеро, што е олеснителна околност, во целтата ситуација.

Инаку од фотографиите кои ги објави Скопје 1 од местото на пожарот, се гледа дега огнот проголта голема површина борова шума. Од вчера на терен се интервенира со противпожарни возила, а градоначалникот на Охрид ги вклучи и сите расположливи ресурси со кои располага општината.

Поради пожарот во текот на ноќта Охрид беше прекриен со чад и се чувствуваше силна миризба.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close