ВИДЕО: Пожарот кај Опеница зема замав, екипите прават сè за да го изгаснат

Пожарникарите на сите начини се обидуваат да се справат со пожарот кој изби на непристапен планински предел во близина на селата Косел и Опеница. Сликата низ паднинтие на планината е страшна, а огнената стихија зема замав, а гори борова шума. На терен се интервенира со противпожарни возила, а градоначалникот на Охрид ги вклучи и сите расположливи ресурси со кои располага општината.

Дирекцијата за заштита и спасување на терен ќе ги пушти и противпожарните авиони, кои ќе треба да го забрзаат гаснењето на пожарот. Поради пожарот во текот на ноќта Охрид беше прекриен со чад и се чувствуваше силна миризба.

На терен моментално е и градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиевски, кои ги координира активностите за за брзо гаснење на пожарот кој претставува опасност за локалните жители.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close