Вработените во јавните претпријатија и авиони ќе го гаснат пожарот кај Косел и Опеница

Агенцијата за заштита и спасување со противпожарните авиони ќе го гаснат пожарот кој изби во близина на селата Косел и Опеница. Ова е една од мерките која ќе биде превземена за да се изгасне пожарот кој изби вчеравечер.

Кризиниот штаб на Општина Охрид кој заседаваше во изминатите часови, одлучи да ги вклучи и вработените во сите јавни претпријатија, за да се доизгасне огнот. На терен е излезен и градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиевски.

Во моментов, пожарникарите од противпожарната служба од Охрид се на терен.  Но, поради тешко пристапниот планински терен, отежнато е гаснењето на пожарот во шумата. За гаснењето на огнот се ангажирани две возила на Противпожарната единица, а вклучени се и екипи од шумската полиција.

Опожарена е голема површина, а поради ветрот пожарот се сеуште се шири.

Поради пожарот во текот на ноќта Охрид беше прекриен со чад и се чувствуваше силна миризба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close