Охридската полиција пронајде марихуана и кокаин кај туристи од Скопје

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Л.Г.(34) и А.В.(39), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 13.08.2019 година во населба „Лагадин“ во Охрид“ полициски службеници извршиле преглед на патнички возила сопственост на пријавените и апартман во кој престојувале, при што пронашле и одзеле околу три килограми марихуана и кокаин.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close