(ВИДЕО) Мерко: Јас сум богат во душата, не сум уценувал никого за пари

Струшкиот градоначалник Рамис Мерко во интервју за „ИРЛ.мк“ на прашањето „Колку е богат Мерко?“, вели дека неговото богатство е во душата. Градоначалникот вели дека нема граѓанин, ниту компанија која тој ја уценувал за да земе пари од нив.

„Најдете еден граѓанин или компанија кои сум ги уценувал за средства, а јас јавно кажувам дека ќе сносам морална, материјална и кривична одговорнсот. Значи, богаството не ми го створила функцијата, туку знаењето и работата“, вели Мерко за ИРЛ.мк.

Запрашан „Кој му е омилен политичар на Мерко“, тој вели дека ги има многу.

„Тие што се на повисок ранк имаат поголема одговорнсот. Не можеме да споредуваме еден Трамп со некој што има милион или 500 илјади граѓани. Тоа е банална споредба“, додава Мерко.

Целото интервју со струшниот градоначалник ќе се емитува вечерва.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close