Автомобил излетал од патот на локалниот пат за с.Калиште

На 21.08.2019 во 12.00 часот на локалниот пат за с.Калиште, гостиварско,  патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Џ.(20) од с.Калиште, излетало од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.Г., а со телесни повреди се здобиле возачот и уште двајца сопатници А.К и А.Р. кои биле пренесени во Ургентниот центар  Гостивар за укажување на лекарска помош.  Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close